Џокси ги расплака ,,френдовите” со пораката која и ја упати на својата ќерка

0

Нема човек, не постои родител кој не му посакува се’ најдобро на своето дете во животот. Кога се родителите и децата во прашање пак, велат момчињата се повеќе приврзани кон мајките, додека девојчињата кон татковците.

Ова не е пишано правило, но во најчест случај е така. Како и да е, двајцата ародители се подеднакво горди и среќни, подеднакво се радуваат на секој успех на нивното дете. Особено, ако тоа не е обичен успех туку, нешто што не е така лесно да се достигне.

Образованието е еден од тие сегменти, а моментот на неговото завршување или надоградба се оние нешта кога во душата на родителот се случува експлозија од радост, екстаза од задоволство, среќа и гордост проследена со мислата: „Да, тоа е моето дете“!

Токму понесен едно такво случување, познатиот македонски кантавтор и пејач Џина Папас – Џокси (Ѓорѓе Васиќ), авторот и изведувач на легендарната песна „На Велигден“ со емотивен статус на својот Фејсбук профил и ја честиташе магистратурата на својата ќерка Ева. Порака што секој родител ќе ја разбере.

Имено, младата Ева Васиќ – ќерката на Џокси е една од ретките Македонки која најпрвин дипломираше Меѓународен проект менаџмент, а потоа и магистрираше на Универзитетот Кјото во Јапонија, кој е рангиран на самиот врв на јапонската универзитетска листа.

Моментот на среќа гордиот татко Џокси не можеше да не го сподели со јавноста, преку отворено обраќање кон својата ќерка. Неговите зборови ја кријат сета животна мудрост на еден совесен и стабилен родител. Зборови од кои ќе се наежите, замислите, а некому можеби и ќе му се насолзат очите.

„Ќерко, сега кога магистрира ред е да почнеш да го живееш животот. Мајка ти те научи букви и бројки, јас те запознав со нотите, а тоа се неговите три основни елементи.

Буквите, преку кои ја доби својата писменост, ти овозможуваат да комуницираш со луѓето, да го разбереш нивниот збор и со иста јачина да им се спротивставиш. Бројките ти овозможуваат да ја пресметаш тежината на животот. Ќе вадиш корења за да преживееш, но плодовите секогаш доаѓаат на добро пресметаното време. Музиката е таа која треба да ги спои овие елементи и во хармонија да ти го олеснат патот кон успехот.

Патот, и самата знаеш, не е постела од пердуви, опак е. Ако не знаеш да пресметаш (бројки) по која рута да се движиш, ако не можеш да разбереш (букви) што се бара од тебе, тогаш застани, одмори, слушни ја музиката (ноти), опушти се, и … ќе ти текне, за сѐ има решение.

И не брзај да докторираш, има време.

И не брзај да се враќаш, пак има време.

П.С. Ти текнува кога ја бранеше дипломската? Професорот ме виде пред да ме претставиш и на глас кажа:

– Оооо, па ти си викнала и музика да прославиме! Се стаписа кога разбра кој сум.

– Четири години не си ни кажала кој ти е татко?!

– Професоре тука јас ја бранам дипломската, а не татко ми!

Тоа само ја покажува твојата големина што си се изборила сама за своите ставови и успеси, ја покажува твојата перцепција на животот и работите околу себе.

Ти честитам на успехот што денеска ме направи да се чувствувам возвишено.

Што и да ти треба, кај и да си, тука сум.

Те сакам!“

Претходна статијаВодителката Милена ,,згрме” во минич со прекрасните нозе (ФОТО)
Следна статијаДиезел возила со постаро годиште нема да смеат да се возат повеќе од 1 јануари во Брисел