Си ја силувал ќерка си со години и добил шест деца а потоа злоставувал и едно од нив

0

Велшанец, чие име не е откриено во медиумите за заштита на неговите жртви, е обвинет за силување на својата ќерка, со која добил шест деца, како и силување и сексуална злоупотреба на уште едно свое дете. Тој ги негира сите 36 точки во обвинението против него, пренесува „Дејли мејл“.

На судењето, кое започна вчера во суд во Свонси, Велс, било изнесено дека тој системски ги контролирал и манипулирал своите деца и им го „испрал мозокот“ создавајќи им лажен свет во кој, како што ги убедил, тој бил мистик со целосна контрола врз нив. Како што објаснил обвинителот Џон Хипкин пред поротата, оваа контрола мажот ја користел за да прави што сака со нив, вклучувајќи и барање на сексуални услуги.

Покрај тоа што самиот ја силувал, наводно овозможил и други мажи да го направат тоа.

ДНК анализата покажала дека тој е татко на најмалку шест деца на неговата ќерка. Првата бременост девојката ја имала на 16 години.

Подоцна силувал и една од ќерките кои таа ги родила.

Девојката успеала да го пријави случајот во полиција лани. Според нејзината изјава, малтретирањето траело со години, а ја приморувал на секс 3-4 пати неделно. Се одлучила да го пријави кога една од нејзините ќерки почнала да се приближува до возраста на која таа првпат била силувана од татко си.

Претходна статијаТричковски: И Груевски барал да го пуштат во домашен притвор
Следна статијаМашина за мелење месо и ги потфати прстите на вработена во Рамстор