Во ист ден двајца познати македонски тренери со страшни сообраќајни несреќи

0

Актуелниот тренер на Гостивар и поранешен селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Србиновски (44 години), во моментов е во болница со сериозни, но не и животно загрозувачки повреди, откако пред неколку дена имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Гостивар.

Оваа вест денеска донесе загриженост на лицата кај луѓето во кошаркарските кругови во државата, кои со неверица ја примија информацијата за излетувањето од патот на поранешниот репрезентативец и еден од кошаркарите со најмногу настапи во дресот на Македонија. Србиновски во моментов е во една од скопските болници каде што ја добива најдобрата можна нега, а прогнозите на лекарите се дека во скоро време ќе успее пак да застане на нозе и да се врати на тренерската професија.

Според информациите до кои дојдовме, автомобилот во кој бил популарниот Марче бил уништен до непрепознатливост, а поранешниот селектор имал неверојатна среќа што минал само со повреди.

Да биде малерот поголем поврзан со прволигашките тренери доаѓа и информацијата за сообраќајна незгода на предводникот на Кожув и актуелниот помошник-тренер во македонскиот национален тим, Александар Јончевски. Тој вчера возејќи се на моторцикл беше удрен од товарно возило „Виктори Џиоти“, по што неговата сопатничка минала со тешки телесни повреди, а тој минал нешто полесно иако потоа на двајцата им била укажана лекарска помош.

На 17.06.2019 година во 13.45 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило„Виктори Џиоти“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(36) од Скопје и мотоцикл „Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(38) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј.. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна статија(ФОТО) Мајката на Пино објави што се допишувал со осомничената Ангела
Следна статија(ФОТО)Позната актерка уценувана за нејзини голи фотографии – па таа сама ги објави