Незапаметено невреме со многу снег и ветрови ја погоди Германија, а има и еден загинат.
47-годишен возач настрадал кога на неговиот автомобил паднало дрво.
Авионскиот сообраќај бил запрен, а ветрот носел се пред себе.
Бурата „Еберхарт“ предизвика многу проблеми во Германија, особено на западот од земјата каде дувале оркански ветрови.
Снимката од аеродромот во Диселдорф покажува какви биле временските услови.
За време на 3 часа, снимени се дури 30 авиони кои се откажале од слртување. Дури и успешните слетувања, не поминале без проблеми, бидејќи многу авиони се приземјиле под многу непријатни агли и силни удари од ветер.
Во секој случај, по секој пример се гледа колку пилотите се вешти и искусни.
Олуја со оркански ветрови ја погоди во неделата Германија, што довело до откажување и одложување на тргнување на возови и авиони, особено во западна Германија.