Силна бура направи хаос во Германија – откронати дрва расфрлани насекаде ФОТО

0

Бура пропратена со оркански ветрови ја погоди Германија, што довело до откажување и одложување на возовите и авионите, а во невремето погинал 47-годишен маж кога врз неговиот автомобил паднало дрво во Бествиг, недалеку од Келн.

Железничката компанија Дојче бан соопштила дека го прекинала регионалниот сообраќај, како и сообраќањето на возовите на долги релации во Северна Рајна-Вестфалија бидејќи неколку линии биле во прекин откако ги блокирало дрво кое паднало на шините.

Поединечни летови од аеродромот во Франкфурт, најпрометни во земјата, се откажани. Два авиони кои летале кон аеродромот Келн-Бон се пренасочени поради силниот ветер.

Зоолошките градини во Дортмунд, Вупертал и Хам се затворени поради бурата, додека во Дуисбург се срушил товарен кран и делумно завршил во реката Рајна.

Метеоролошката служба издала предупредување за големиот дел од западна и централна Германија каде се очекуваат удари од ветер и до 120 километри на час, а утре се очекуваат и силни врнежи, пренесува АП.

Претходна статијаЛОША НЕДЕЛА: Овие хороскопски знаци ги очекуваат непријатни денови
Следна статијаПо раскинувањето со Емина Јаховиќ, турскиот милијардер си фати топ модел – еве како изгледа (фото)