Шехерезад драстично го промени изгледот: Еве како изгледа убавата турска актерка која ја гледате на Сител

0

Турската воена драма „Wounded love“ или „Vatanim Sensin“ е првата серија по „1001 ноќ“ откако брачната двојка Халит Ергенч и Бергузар Корел снимаа заедно.

Сега во оваа воена драма тие повторно се двојка и на филмското платно.

За приказната како повотрно им се случи да бидат на ист проект, раскажаа во едно видео интервју.

Халит вели дека тој бил прв инволвиран, додека Бергузар не била планирана да биде дел од филмот, дури не сакала да го прочита сценариото.

Бергузар Корел е една од најплатените турски актерки која со години плени со атрактивност, а домашната публиај ја памети по улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, „Езел“ и „Далеку од дома“ која во моментов игра на ТВ Сител. Долго време беше препознатлива по долгата, бујна кафеава коса, а потоа фановите ги изненади со новиот изглед.

Бергузар Корел е наречена „Турчинка со најубава коса“, а благодарение на бујната, сјајна коса заработи цело богатство на реклами за шампони,

Сега сите се прашуваат зошто сопругата на Сулејман Величествениот така драстично се ишиша. Секако, станува збор за нејзината нова улога.

Бергузар поради новата улога ја скрати својата долга коса и изгледа целосно непрепознатливо. Новата фризура најмногу го воодушеви 45-годишниот Халит Ергенч, во кој се вљуби на сет.

Таа ја откри и тајната на својот негуван изглед:

„Пред се редовно вежбам. Потоа тука е и здравата исхрана, природната нега и позитивната енергија. Многу внимание посветувам на органската храна.

Секоја сабота одам на пазар каде купувам овошје, зеленчук и други продукти. Преферирам природни сокови во кои додавам краставици, нане или ѓумбир за подобра арома. Ги редуцирав вечерите. Неодамна ја исфрлил лактозата од менито“, откри актерката.

Претходна статијаПријовиќ во жестока расправија со сопругот Филип
Следна статијаАстро прогноза – Овие хороскопски знаци успехот ги чека дури во зрели години