Има некои работи во животот кои не можеме да си ги објасниме, зошто и како се случуваат. За верните, тоа е Божја волја, атеистите смислуваат, односно бараат објаснување во научни тези за необичните случувања.
Се сеќаваме пред неколку години како во црквата Св. Димитрија во Скопје се потенцираа нијансите од бои на иконите. Последен пример е мироточењето на иконата на Пресвета Богородица во Трубарево.
Луѓето и денес раскажуваат за несекојдневен настан кој го одбележал животот на луѓето од едно село во близина на Атина. Чудото се случило пред неколку години кога побожниот пчелар Исидорос Тиминис во една кошница ставил икона на Исус Христос.
Не издржал долго, и набрзо ја отворил кошницата и што да види – плчелите ја врамиле иконта во восок, а ликот и телото на синот божји останале недопрени. Оттогаш, секоја пролет Исидорос во кошницата става икона на Спасителот, Богородица и Светителот, а резултатот се секогаш ист.
-Еднаш донесов рачно отсликана икона од манастирот, која ја претставуваше голгота со три крста. Пчелите ја извезле со восок цела површина на сликата освен крстот на Исус и покајанието на разбојникот од десната страна.
Разбојникот од левата страна беше покриен со дебел слој на восок. Последно ја ставив иконата на Свети Стефан првомаченик архиѓакон. Целата икона е прекриена со восок освен ликот и телото на светецот, раскажува Исидорос.