За младенците Ана и Игор од Македонија зборува цел регион, барале гостите за подарок да им донесат…

0

Прекрасно е чуството кога радоста и среќата ќе се споделат со некој друг.

Mладенците Ана и Игор Стојанов ги изненадиле гостите на својата венчавка кога ги замолиле наместо цвеќе и бомбониери, кои вообичаено се носат со свадбените подароци, да донесат детски играчки и сликовници.

Тие сите тие играчки ги донирале за Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух, говор и глас во Битола, каде што живеат и самите.

„Чуството кога радоста и среќата се споделуваат е прекрасно.

Токму затоа јас и мојот сопруг Игор одлучивме по пат на свадбените покани од нашите гости да побараме наместо букет цвеќиња или бомбониери да ни донесат детски играчки, боенки, сликовници за да можеме да ги донираме на Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух, говор и глас во Битола.

Морам да признаам дека гостите не изненадија пријатно со позитивните реакции и голем број на играчки кои ги донесоа за децата на кои подоцна им ги подаривме.

Радоста и насмевките на нивните лица ги исполнија нашите срца а тоа чуство не може да се опише со зборови.

Желбата ни е овој наш гест да биде поттик на сите останати кои планираат да стапат во брак да направат нешто слично, добро и хумано“, изјавила Ана за Битолски весник.

Децата и вработените во Заводот не го криеле воодушевувањето од подароците кои ги добиле од новопечените младенци и нивните гости.

Оваа приказна брзо се рашири по социјалните мрежи и веќе е топ тема и во медиумите од регионот.

Претходна статијаФБ порака која ќе ве освести: Останав сам во куќата со три жени, ама го издржав пеколот на животот
Следна статијаНајголеми наивци: Без проблем на овие хороскопски знаци можеш да им продадеш лага