Изгореа гредите, плафонот се сруши, изгорел целиот мебел како и целата покуќнина. Остана само пепел и прашина на сите страни, а недопрени од пожарот останаа само иконите на ѕидот.
Од пожарот станот е уништен, а на пеплосаниот ѕид недопрени останаа иконите на Јован Крстител, Исус Христос, Богородица и други…
Кога се вративме во станот, се беше во пепел, се околу нас беше црно, се изгорело освен иконите кои што останаа недопрени од пожарот. Како да немало воопшто и пожар во станот.
Застанавме пред иконите се крстивме и единствено знаевме дека Бог не не напуштил и дека има надеж за нас, раскажал Душан Савиќ (59) од Сребреница.