ВИДЕО како се одвиваше спасувачката акција – Министерот Филипче преку радио станица директно командува со екипите на терен

0

Телевизија Алсат во својата емисија „360 степени“ вчера за гостин го имаше Министерот за здравствот, Венко Филипче.
Целта на емисијата беше дали земјава има систем за координиран одговор при трагедии како онаа кај Ласкарци; правиме реконструкција: кога стигнаа првите екипи на итна помош и противпожарна заштита, зошто дури 37-ина од патниците беа префрлени во иста болница;

При разговорот со него, за првпат во јавноста беше пуштена снимка на која што јасно се гледа Филипче како командува со спасувачката акција по автобуската несреќа кај Тетово

„… и да ги упатите, наместо во „8Септември“, сега да одат накај стара „Градска (болница)“ и накај Ургентен центар, затоа што тука е преполно“ вели Филипче на што добива одговор:

„Да, да, информирани се екипите, знаат“, на што Филипче повторно повторува:

„Значи веќе, значи веќе да неодат во „8Септември“

(Моменто може да се види на временски исечко од 29:00 минута)

Бесим Кока – директор на Дом за јавно здравје Скопје рече дека ноќта кога се случила трагедијата ги искористиле максимално сите возила на Брза помош.

„Направивме проценка со екипата на Брза помош и заедно го координиравме целиот процес. Седнавме и ги разгледавме проблемите да видиме дали некаде грешиме. Мислам дека реагиравме перфектно. Можеби ниту во Германија не би успеале да се организираат како ние таа ноќ“, додава Кока.

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека возилата на Брзата помош кобната ноќ на 13 февруари, на местото на настанот пристигнале за 15 минути.

о Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката сообраќајна несреќа, во моментов се лекуваат 19 пациенти. Од нив, 14 пациенти се стабилни и се во добра здравствена состојба. Двајца пациенти се на респираторна машина и се во животозагрозувачка состојба. Тројца пациенти се нестабилни, во тешка здравствена состојба под опсервација и мониторинг, соопшти Министерството за здравство.

„Во Клиничкиот центар во Скопје вкупно се лекуваат 6 пациенти, од кои 4 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца се во стабилна здравствена состојба, додека пак другите двајца од нив се во критична состојба.

Еден од пациентите се наоѓа на Клиниката за торакална хирургија и е во стабилна здравствена состојба, еден пациент од неврохирургија и една пациентка (трудницата) која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се исто така во стабилна здравствена состојба.

Во стабилна и во добра здравствената состојба е и пациентот кој се наоѓа во Клиничката болница во Тетово“, стои во соопштението.

Претходна статијаНајнови детали: Во болницата „8-ми септемви“ 19 пациенти: 14 се во стабилна состојба, а петмина се борат за живот
Следна статијаДенеска се празнува Свети Симеон, заштитник на децата – направете го ова за здравје на најмладите