Дурмиш Белули, името кое одекна во јавноста откако автобус во негова сопственост заврши во провалија со 14 загsинати и 30-тина повредени одамна е познат за Гостиварци, бизнис заедницата, и министерството за внатрешни работи. Во 92-рата година оснивал Друштво за транспорт, трговија и услуги како единствен сопственик, со 5000 евра влог или познатата „Дурмо Турс“.
Неодамна влегува и во бизнисот со вршење технички прегледи на возила и обука на идни возачи, Авто мото здружение Гостивар. Денес двете компании се во ист објект, ист телефонски број, оној на Белули. Откако „црвениот“ автобус излета од патот, Белули денеска ќе каже дека неговиот бил исправен, бидејќи поминал на технички преглед во неговата компанија.
Актерката Весна Бејби Петрушевска се огласи на својот Фејсбук профил по изјавата на сопственикот на “Дурмо Турс”, Дурмиш Белули, кој вели дека автобусот бил во исправна состојба, но возачот на автобусот ја изгубил контролата.
“Излезе газда на на Дурмо турс и си кажа дека шоферот е крив, секако после техничкиот преглед направен од неговата фирма …Како бе така? Стави го на клада, ти важно да си ја спасиш фирмата….Неверојатно!!! , напиша Бејби на нејзиниот Фејсбук профил.
Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ инаку се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за „Макфакс“ потврди дека техничкиот преглед на автобусот е извршен во „Авто-мото Гостивар“.
Според информациите од Централниот регистар, Дурмиш Белули е сопственик и на „Дурмо турс“ и на станицата за технички преглед „АМЗ Гостивар“.
Дурмиш Белули не сакаше да даде изјава за „Макфакс“. Тој не одговори на телефонските повици, ниту на СМС-пораките во кои поставивме прашања поврзани со несре*ата.
Нов инцидент со автобус на Дурмо турс утрово во Гостивар, за среќа нема повредени. Патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје за кратко биле принудени да го напуштата автобусот. Поради паниката која се создала сите побегнале од возилото. Трагите од кочење на булеварот Браќа Гиновски сведочат за инцидентот.
Патниците тврдат дека се блокирале задните тркала по што настанала паника во автобусот кој бил покрај постојка во градот за да собере патници. Во автобусот утрово били Ферат Решани. Тој со автобусот од агенцијата Дурмо Турс тргнал на посета кај свој колега кој е еден од повредените во несреќата кај Ласкарци.
Агенцијата по трагичната несреќа, продолжи да сообраќа на редовните линии кои ги има на релација Гостивар- Скопје- Гостивар, како и останатите релации во и надвор од Македонија. На интернет страната нема известување за откажани автобуски линии.
Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, вели дека немаат ингеренции врз станиците за технички преглед.
„Во нашиот закон не е обработено дали еден газда може да има станица за технички преглед и истовремено да биде превозник. Кај нас во законот стои дека ние при контролите треба да утврдиме дали возилото е регистрирано и дали е извршен технички преглед. Такви документи при контролите утврдивме дека ‘Дурмо турс’ има. Станиците за технички преглед се обврска на Министерството за внатрешни работи“, изјави директорот Руфат Хусеини за „Макфакс“.
Екипа од Инспекторатот вчера излегла на местото на несре*ата, но поради истрагата на Обвинителството, не правеле увид. Директорот Хусеини вели дека документот од извршениот технички преглед треба да стои во автобусот како дел од задолжителната документација.
И од Министерството за транспорт и врски велат дека немаат надлежност да утврдат дали е дозволено ист газда да има станица за технички преглед и да биде превозник. Велат дека нивната надлежност за „Дурмо турс“ е само административна.
Лиценцата за вршење технички прегледи му ја издале на овластеното лице на фирмата Дурмиш Белули од МВР во 2016-та година, но никој не му предочил дека постои проблем да си ги проверува сопствените автобуси.Оваа комапнија во централниот регистар има недфинира сопственост. Таква обврска според законот за безбедност во сообраќајот нема.Државниот технички инспекторат се оградуваат од техничката безбедност на автобусот кој настрада. Тие се надлежни за лиценцата, возниот ред, но не и за исправноста на возилото.
Додека МВР истражува како сам си вршел технички прегледи, Белули сам ќе открие детали што се случило со автобусот и возачот во средата.
40 автобуси во различни бои, но и различна старост сообраќале низ републиакта. Уште толку возачи. По оној на 13 ти, и денеска ќе се случи мал инцидент со уште еден автобус, сведочат пријатели и роднини кои денеска ги псоетуваа најблиските од сообраќајката, а дошле од Гостивар со Дурмо Турс.
Трагедијата ги исфрли поразителните статистки на МВР. Секој 4 – ти автобус или комбе кое превезува патници во Скопје, е со пропсути во техничкиот преглед.
Според законот за возила, лиценцата за технички преглед, ја одобрува и потпишува министерот за внатрешни работи, а може да биде одземна, но не заради сопствеништвото.