Татко очајно бара помош: Син му бил во автобусот, а сега го нема никаде

0

Татко веќе повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот кој што излета од патот и се преврте, пренесе ТВ21.

Таткото на Седат бил во сите болници, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација.

Тој вели дека син му не е на имињата меѓу настраданите, но во ниту една болница не може да го пронајде и нема информација што се случува со него.

Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.

Во тек е идентификацијата на загинатите во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово на чии тела е наредена обдукција и се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Скопје.

Како што пишува Република, во Судска медицина работеле до 4 часот утрово, обдукцијата на дел од настраданите завршила, а за останатите ќе биде направена денеска.

Извор: Телевизија 21

Претходна статијаНајтажен ден за Македонија: Мајка лелекала за помош, нозете на син ѝ биле заробени под автобусот
Следна статијаМакедонскиот пејач се простува од другарот кој го загуби животот во автобуската несреќа: “Душа ми скина”