Страшни детали oд несреќата: Има заглавени патници под автобусот кај Карпалак

0

Сеуште има заглавено патници под автобусот кој денеска поладне се преврте на патот Скопје-Тетово кај Карпалак.

Патнички автобус со 50-тина патници излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, а на местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и дел од нив веќе се пренесени во болница, пренесе Курир.

На местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и дел од нив веќе се пренесени во болница

По страшната несреќа на патот Скопје-Тетово каде се преврте автобус со 50 патници, се огласи и министерот за здравство венко Филипче.

– По тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, веднаш се упатив на лице место. Упатени се сите коли на брза помош од Здравствен Дом Скопје и од приватните болници Неуромедика и Систина.

Медицинските екипи се на располагање и ќе се искористат сите капацитети на здравстените установи за брза реакција, напиша тој.

Претходна статијаВечерва по полноќ почнува голем и тежок празник: Задолжително одете во црква и земете го ова за среќа
Следна статијаЛуѓето со тешки повреди се пренесуваат во Ургентен центар