Сопругата на Миле Јанакиески, Сања потресена: Го провоцирале па го нападнале лица од „Диво Насеље

0

Осомничените за организација на настаните од 27 април во Собранието, Миле Јанакиески и Спире Ристовски, денеска биле физички нападнатии во затворот.

Според информациите, тие биле нападднати од притвореник од случајот Диво Насеље, кој во исто време се нашол во дворот на установата.

Инцидентот се случил надвор, за време на редовната прошетка од 1 час што ја имаат притворените лица

По повод ова, со изјава за ТВ Сител се јави сопругата на Миле, Сања Јанакиески која открива она што и го пренел адвокатот на нејзиниот сопург.

„Потресена сум, ми се јави адвокатот и ми пренесе дека Миле го провоцирале па го нападнале лица од „Диво Насеље. На помош за да го одбрани му пришол и Спиро Ристески но и тој е нападнат.

Моментално се наоѓа во „ГОБ 8септември“ и според информациите има повреди на главата. Не знам зошто ова се случува, кога ги почитувавме сите мерки на домашен притвор“, изјави Сања.

Претходно, медиумите на албански јазик објавија дека денес во затворот Шутка се случил инцидент во кој член на Кумановската група со иницијали Е.К. ги претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Претходна статијаСе огласи и кандидатката која Карлеуша ја нападна: Јас можам да го променам фустанот, но ЈК никогаш нема да знае да пее
Следна статијаНе кријам дека сум во врска: Ирена Спировска конечно го покажа партнерот ФОТО