Сите ја знаеме Шехерезад, а ова е првата сопруга на Халит Ергенч Фото

0

Турскиот актер Халит Ергенч, ѕвездата на „Величенствениот“, раскажува за своето растење и тешките животни моменти.

Ергенч, кој го глуми најголемиот турски владетел во историјата, и натаму е најпопуларен актер во својата земја. Наспроти популарноста и богатството кое го стекна со улогата во серијата „Величенствениот век“, 43-годишниот Халот останал цврсто на земја. Турските новинари го фалат дека со сите обожаватели разговара и се фотографира.

Ергенч имал тешко детство, кое го обележала неговата помлада сестра Азад, која е родена со ментални потешкотии и родителите биле насочени на грижата околу неа.

– Моите родители се разведоа кога бев во основно училиште, а и пред разводот нивната ситуација беше напната. Додека мајка ми мислеше дека се возев со велосипед наоколу, јас бегав од дома кај мојата друга сестра Флори, вели актерот.

Тој се запишал на студии за бродоградба, но веќе набрзо сфатил дека уметноста е неговиот животен повик, па одлучил да проба во актерството и музиката. Некое време живеел во САД, каде ги гледал сите познати мјузикли бидејќи бил уверен дека и неговата кариера ќе тргне по тој пат.

– Додека бев во САД ја чекав улогата во мјузиклот „Бедници“ и два дена спиев на отворено додека не ми кажаа „Сфати веќе еднаш, ние не те сакаме“. Тогаш сфатив дека оваа работа зависи само од тоа колку добро ќе ја одработиш, раскажува Халит. Во тие моменти помислил да се откаже од актерството и да се посвети на кулинарството, но добил понуда да игра во детски театар.

– Бев „шворц“ и ми требаа пари, но ми беше трагично да играм во детски театар. Додека ја работевме претставата „Кралот на лавовите“, често бев пијан на сцена. Мојата ситуација беше очајна, вели тој. А тогаш пристигнала понуда од Турција.

– Требаше да ја работиме турската адаптација на „West Side Story“. Кога дојдов во Истанбул, ми јавија дека проектот е откажан, и оти имаат подготвено моја повратна карта за САД, но им порачав да си ја задржат картата за себе. Погледнав во Босфорот и го почувствував благодетот на Истанбул и повеќе не ми падна на памет да го напуштам, додава Ергенч.

Убавата турска актерка Бергузар Корел или попозната како Шехерезад, не е единствената жена со која актерот Халит Ергенч беше во брак.

Имено, во 2007 година тој беше во брак една година со Гизем Сојланди, млада актерка со која по неколкумесечна врска се венчаат. Тие се запознале на снимање на филм, исто како и приказната со Бергузар, но по многу краток период, решиле да се разведат.

Гизем во едно интервју вели дека иако имала само 20 години, а нејзината мајка се противела на бракот, тие сепак решиле да се венчаат.

За брзо време, Гизем вели дека Халит многу се променил, бил во тешка депресија и не сакал да основа семејство со неа.

Решиле да се разведат по мирен пат и секој да тргне на своја страна.

Таа и денес вели дека му посакува се најдобро на поранешниот сопруг. Инаку, во 2009 година Халит се ожени со Бергузар,а неколку години подоцна се омажи и Гизем која во бракот со вториот сопруг има едно дете.

Претходна статијаАстро прогноза – Овие 3 хороскопски знаци следниот период се очекува да се збогатат
Следна статијаПред да се омажи за Халит, Шехерезад беше во врска со овој познат турчин ФОТО