Родители внимавајте: Некој ја бакнал нивната Маријана стара 18 дена, а потоа таа починала во рацете на таткото

0

Американски пар рекол дека нивното бебе, старо само 18 дена починало две недели откако се заразило со херпес по пат на бакнеж. Никол и Шејн Шифрит на Фејсбук објавиле дека нивната ќерка Маријана починала на рацете од својот татко.

Никол и Шејн се венчале кога нивната ќеркичка имала само 6 дена, а два часа по церемонијата откриле дека таа престанала да јаде и потешко да се буди. Веднаш ја однеле во болница.

Во рок од два часа таа престанала да дише и и откажувале органите.

Лекарскиот извештај покажал дека Маријана се заразила со менингитис ХСВ-1 кој е предизвикан од херпес. Нејзините родители се тестирани, но биле негативни што значи дека го добила од некој друг.

Семејството ја споделило оваа приказна, бидејќи се надева дека можеби ова ќе помогне на другите да сфатат колку херпесот може да биде опасен по новороденчињата.

Менингитисот преставува воспаление на мозочните обвивки. Спрема етиологијата постојаат различни видови на менингитиси и тоа :

Епидемичен;

Гноен;

Туберкулозен;

Серозен и др.

Во 2015 години околу 8.7 милиони луѓе во светот развиле менингитис. Ова резултирало со 379,000 смртни случаи – што претставува намалување од 464,000 смртни случаи во 1990 година. Со соодветен третман ризикот од смрт кај бактериски менингитис е помал од 15%. Секоја година во периодот помеѓу декември и јуни во регионот на Супсахарска Африка, познат како менингеален појас, се случуваат епидемии на бактериски менингитис. Помали епидемии се појавуваат и во други краеви во светот. Зборот менингитис доаѓа од старогрчкиот збор μῆνιγξ менинкс, „мембрана“ и медицинскиот суфикс -итис, кој означува „воспаление“.

Претходна статијаШанса за љубовна реприза: Крајот на месец февруари ќе им ја врати старата љубов на овие хороскопски знаци
Следна статијаИскрена до срж: Не го сакам својот дечко, но морам да бидам со него