Пристига студен бран во Македонија – очекувајте силен ветер и врнежи од снег

0

Поради северниот ветер кој ќе го имаме утре навечер како и во среда ќе услови расчистување на загаденоста во воздухот.

Невообичаено високите температури на воздухот кој се во склоп со невообичаено топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка ќе се задржат и утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Меѓутоа веќе навечер ќе подпаднеме под северно воздушно струење кое ќе услови северен ветер и постепено заладување на времето, во среда пак под влијание на влажен воздушен бран од југ на повеќе места ќе има повремени врнежи кој на на ниските места ќе бидат од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет и локално се очекува воден талог до околу 10 л/м2.

Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток услови за сосема слаби врнежи од снег има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.

Максималните температури во среда ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Од четврток во утринските часови понекаде температурите ќе се спуштаат под нулата.

Претходна статијаПријовиќ сега е во среќен брак но претходно знаела да прави глупости: Избегала од дома на 15 за да се мажи за овој пејач
Следна статијаФОТО: Цеца објави фотографија во бикини стара 20 години