По 20 часа талкање по болниците таткото си го пронајде синот кој бил во автобусот што се преврте кај Ласкарци

Таткото на Селам Реџепи немаше никаква вест за неговиот син по синоќешната сообраќајна несреќа кај Карпалак. Цела вечер талкал по ходниците на скопските болници за да дознае каде е неговиот син и дали е жив. Се смирил кога на списокот на починатите не го прочитал името на синот.

Денес, 20 часа по несреќата, дознал дека неговиот син е евидентиран со погрешно име и е хоспитализиран во болницата „8 Септември“, јавува телевизијата 21.

– Вчера бевме до два часот по полноќ. Никаква вест. Чекавме во ова болница и на крај ни рекоа дека до утре нема да има никаква вест.

Видовме дека не е на списокот на починатите и се смиривме малку. Тој е информатичар, работи во американска фирма. Секој ден патуваше со овој автобус, веќе неколку години – изјави Селам Реџепи – родител.