Луѓе со сини очи се оптимисти кои имаат позитивен поглед на животот.
На човечкиот мозок многу му е привлечна светло сината боја на очи, затоа се многу позабележителни од другите луѓе.
Луѓето со сини очи се љубопитни и поставуваат повеќе прашања од другите. Нивната љубопитна природа им помага да ги шират границите, со што учат повеќе во животот од другите.
За многумина, сините очи се најубави и најпривлечни можеби затоа што потсетуваат на небо, море, нешто совршено и возвишено. Токму поради тоа, сините очи се предмет на интерес за многу научници.
Според најновите истражувања, сините очи кријат една неверојатна вистина која е заедничка за сите луѓе со оваа боја на очи. Имено, само луѓето со европско потекло имаат сини очи. Научниците со години го проучувале генот OCA2 чии носители имаат кафеави, зелени или костенливи очи, со цел да откријат како тој мутира. Меѓутоа, тие цело време биле фокусирани во погрешна насока.
Мутацијата е всушност пронајдена во генот HERC2 кој функционира како прекинувач и ја исклучува кафеавата боја, поради што гледаме сина боја. Поради тоа можеме да кажеме дека синооките луѓе се всушност луѓе со „лажни“ кафеави очи.
Истражувањето исто така тврди дека само луѓето со европско потекло имаат сини очи. Научниците веруваат дека оваа мутација се случила за време на првите миграции на нашите предци во северна Европа.
Тие се многу шармантни личности, па луѓето лесно се заљубуваат во нив.
Луѓето со сини очи се природно атрактивни, а претставуваат совршена комбинација на самодоверба, заводливост и милост.
Бидејќи кафеавата боја е најчестата боја на очите, луѓето со сини очи се истакнуваат во однос на останатите и не се плашат да истапат од масата, токму поради тоа се посигурни и најчесто се подобри лидери.
Последно, но не и најмалку важно, луѓето со сини очи се многу љубезни. Секогаш ќе ви помогнат кога ви е потребна помош.
Сините очи се всушност генетска мутација. Генетската мутација е трајна промена во ДНК-секвенцата која го сочинува генот.