Нека не ве лаже сонцето – Зимата се враќа се очекуваат нови врнежи снег

0

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје, Берово и Крива Паланка 12 Целзиусови степени, Маврово 4, Охрид 9, Битола 11, Кавадарци 14, Дојран 16 степени.

Температурите на воздухот ќе бидат константно над нулата и наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени додека маскималните ќе бидат невообичаено високи и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, да напоменеме дека овие температури се повисоки од нормалните дури за околу 10 степени.

Поради високата влажност во воздухот која ќе ја имаме понатаму, но и поради африканскиот песок и прашина времето ќе биде доста спарно и мачно, но и атмосферата ќе биде заматена и тоа поради Сахарската песок.

Инаку за разлика од кај нас во соседна Албанија и Грција температурите овие денови ќе се искачат дури и до околу па и над 20 степени, исто така невообичаено топол бран ќе ја зафати и Турција и ќе услови температурите да се искачат над 20 степени.

Прогнозата за утре е облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање: Скопје 6, Охрид 7, Маврово и Берово 4, Битола 7, Крива Паланка 5, Кавадарци 9, Дојран 10 степени.

Претходна статијаКарлеуша проговори за разводот: Не е срамота да се биде самохрана мајка
Следна статијаЦеца: Без оглед на мојот музички успех моите родители никогаш нема да ми простат една работа