Медицинска сестра од ГОБ „8 Септември“се огласи на ФБ: Продолжете да не плукате, ние сме тука за вас

0

Една медицинска сестра од ГОБ „8 Септември“ која што ја мина изминатата ноќ на работа по стравичната автобуска несреќа, по пат на „Фејсбук“ се огласи:

„На никој, ама баш на никој не би му посакала да е дел од ситуацијата што е случи денес. Сочувство до семејствата на починатите и побрзо закрепнување на повредените. Не може ни да ја замислите ситуацијата како е да се биде дел од тимот и хаотичниот хорор. Горда сум на вработените од 8-ми Септември, горда сум и на себе како дел од нив за се што направивме и се уште правиме. Продолжете да не плукате, ние сме тука за вас.

Во критична состојба се тројца од осумте пациенти кои се лекуваат на Хируршките клиники во Скопје, кои беа повредени во вчерашната автобуска сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај село Ласкарци.

Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани изјави дека еден од тројцата пациентипредмалку е префрлен од ГОБ „8 Септември“ со тешки повреди на градниот кош, што ќе треба да се санираат.

Се преземаат мерки за стабилизирање на состојбата и на двајцата други критични пациенти, девојка и маж на кој неколкупати му е опериран градниот кош.

– Тој е со сериозно крварење и кај него неколкупати е интервенирано и реинтервенирано. Во тешка состојба е, го следиме будно ако треба ќе интервенираме повторно. Во доста тешка состојба е и младата девојка, со лекарставата што ги прима постепено се стабилизира, но сепак е во животнозагрозувачка состојба, изјави Хасани.

Тој нагласи дека двајца од досега примените 10 пациенти во комплексот клиники во Скопје се пуштени на домашно лекување, а кај другите пет повредени состојбата е стабилна.

Покрај тројцата пациенти на Хируршките клиники, во критична состојба се уште двајца од хоспотализираните во ГОБ „8 Септември“.

Претходна статијаКемал е вистински херој кој им помага на семејствата – Цела ноќ пред болница делеше чај и кафе на сите роднини
Следна статијаСекоја чест за доктор Ридван Бајрами – Хирург работеше 27 часа непрекинато за да им помогне на тешко повредените