Луѓето со тешки повреди се пренесуваат во Ургентен центар

0

Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци во близина на Карпалак денеска околу 17 часот. На скопските клиники засега се донесени тројца повредени, од кои двајца потешко, на кичмата и екстремитетите, додека третиот е полесно поврдени, потврди за МИА, директорот на ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани.

Неофицијално луѓето кои се превртеа со автобус кај селото Ласкарци, биле работници кои патувале на реалција Скопје – Гостивар.

Засега оваа информација не е потврдена од официјални лица. На местото на настанот има и роднини на луѓето кои биле во автобусот. Дел од луѓето со тешки повреди се пренесуваат во Ургентен центар во Скопје.

Во болницата во Тетово се пренесени две лица, меѓутоа, како што јави дописникот на МИА, директорот нема информации во каква состојба се повредените.

Официјални информации се уште нема за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.

На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

На местото има над 20 амбулатни возила, а во извлекувањето на телата учествуваат и багери и помагаат локални жители.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Претходна статијаСтрашни детали oд несреќата: Има заглавени патници под автобусот кај Карпалак
Следна статијаЕдна од тешко повредените во автобусот е трудница – четворица се борат за живот