Испливаа нови детали за Турчинот кој ја предизвика кобната несреќа – пијаниот Алсин ја украл маздатa

0

35-годишниот Алсин Левент е возачот кој предизвика стравична сообраќајна несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ и неговиот долгогодишен пријател Мирсад Кериќ, а повреден е кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ.

Возачот се води како уапсен, но моментално е во болница затоа што е повреден и е под постојан полициски надзор, открива извор кој поседува официјални информации од полицијата. Наводно, тој бил и под дејство на алкохол.

Турчинот кој го лиши од живот Шабан Шаулиќ со своето „ненормално“ возење, бил лажно пријавен на една адреса во Билефилд

Алсин Левент, Турчинот кој го лиши од живот Шабан Шаулиќ со своето „ненормално“ возење, бил лажно пријавен на една адреса во Билефилд, а автомобилот со кој го удри пејачот можно е да е украден.

-Досегашниот тек на истрагата покажа дека Алсин Левент, 35- годишен државјанин на Турција нема адреса на живеење во Германија.

Полицијата беше на адресата на која наводно е пријавен, но се воспостави дека е лажна. Тој таму воопшто нема живеено, па веднаш е почната истрага се со цел да се утврди каде воопшто живее, објаснила германска новинарка за српски „Курир“.

Полицијата веќе ја почнала и истрагата за возилото со кое е усмртен Шабан.

-Дефинитивно е јасно дека автомобилот не е негов. Полицијата веднаш почна со истрага за потеклото на автомобилот и како овој Турчин дошол до маздата. Постои можност возилото да е украдено, открила соговорничката.

Претходна статијаСе огласи Сани по анкетата за непостоечката манекенка: „Затоа сме бедна држава и тонеме се подлабоко“
Следна статијаMиле Јанакиевски е префрлен е на скопските клиники по инцидентот во Шутка