Имал невидена среќа – Телефонски повик од татка си го спасил од трагедијата кај Ласкарци

0

По два дена лекување, 47 годишниот Абдулбахри Исмаили кој беше повреден во страшната автобуска несреќа кај Ласкарци, денеска ја напушти Градската општа болница 8-ми септември. Има видливи повреди на главата и набиеници по телото, но вели дека може да си оди дома. Не сака да зборува како дошло до трагедијата и остава тоа да го покаже истрагата. Од згмечениот автобус го извлекле жители од селото.

-Напред бев седнат во третиот ред. Беше многу бргу се што се случи, како блиц. Кога ме вадеа од автобусот ми звонеше телефонот, ми прашаа како сум, веќе знаеја за несреќата. Ми беше многу чудно тоа, вели Абдулбахри Исмаили, повреден од автобуската несреќа.

Исмаили работи во Скопје и често во Гостивар си одел со автобуски превоз. Денеска од болницата до родниот град го однесе неговиот брат.

-Повреден е на глава, еве сега дојдов по него. Незнам како се случило, ама било страшнои, вели Озџан Исмаили, брат на повредениот Абдулбахри.

Повик од таткото го спасил младиот Селчук Ибраим во средата попладне да не заврши во кобниот автобус. Во Гоистивар се вратил со автомобил, но во несреќата е повреден неговиот колега Бетим Амети со кого заедно работат во приватен универзитет во Скопје.

Повик од таткото го спасил младиот Селчук Ибраим во средата попладне да не заврши во кобниот автобус. Во Гоистивар се вратил со автомобил, но во несреќата е повреден неговиот колега Бетим Амети со кого заедно работат во приватен универзитет во Скопје.

-Секој ден патував со тој автобус. Ми се јави тој ден Бетим и му реков не си одам со авотбусот со кола сум со татко ми. Јас си отидов со татко ми, ама Бетим се качи во автобусот. Не знаеме како е, од татко му што слушнавме дека има скршеници и сега одиме да го видиме, вели Селчук Ибраим од Гостивар

И денеска пред градската болница 8-ми септември можеа да се слушнат многу приказни од семејствата и блиските на повредените.

Меѓу нив и судбината на 34 годишен гостиварчанец кој е на одделот за интензивна нега и во средата дошол во Скопје да ја посети сопругата која била оперирана на скопските клиники.

Но наместо да се врати во Гостивар со автобусот кој тргнал од главниот град во 16.15часот, со тешки повреди и тој завршил во болница.

Претходна статијаЖените ги пронаоѓам на Интернет, сите се мажени и сите сакаат само една работа
Следна статијаСнег на неколку патни правци- еве каде вее во моментов