Низ светот може да се сретнат животни приказни и патешествија кои се пример за Божјо чудо. Таква е и животната приказна на ова мало бебе.
Ова мало бебе на светот му покажа дека божјите чуда сепак постојат.
Неговите родители биле најсреќни кога го донеле на овој свет, но набрзо нивната среќа се претворила во огромна тага, бидејќи за кратко време дознале дека тој заболел од менингитис – болест која го оштетува мозокот.
Докторите за жал немале многу надеж дека бебенцето ќе преживее, со оглед на тоа дека е мало и не може да се бори со тешката болест. Со тешка мака и неопислива болка, решиле да го исклучат од апаратите за дишење.
Но, во моментот кога ги исклучиле апаратите за дишење, малиот Харисон не се предал и тој почнал да дише самостојно.
„Го држев во раце и се давев во солзи, не можев да се помирам со фактот дека моето мало бебе усмира. Но, тој дваесет минути подоцна продолжуваше да дише, а состојбата му се нормализира и стануваше се постабилна“, вели Саманта, неговата мајка низ солзи.
Малото бебе по шест месеци го победи менингитисот и е здраво и весело бебе.