Го разочарав татко ми: До болка тажна приказна на Бјелогрлиќ

0

Актерот и режисер е омилен во своето родно место, а и Баранда е негова слабост. Секое лето го минува таму, меѓу своите, а и нема сосед кому не му дал, барем мала, улога во своите филмови

Екипата на српски Блиц плус го посета родното место на познатиот актер, кој е омилен на целата поранешна Ју публика уште од првото појавување на екраните. Соговорник ѝ е баба Меланија, прва сосетка на Бјелогрлиќи.

– Го познавам од малечок. Отсекогаш бил многу фино момче. Драган е жив, енергичен, а брат му Горан од дете беше поповлечен, но и двајцата сакаа да се пошегуваат со луѓето. Мајка им е многу фина, чесна жена, Нада. Прекрасни соседи, тече мед и млеко од устата на баба Меланија.

Но, освен на убаво, баба Меланија е сведок и на трагедија во семејството. Неговиот татко умрел кога имал 18 години и оттогаш Драган самиот се борел во животот.

Дедо му бил опинчар, не можел многу да им обезбеди на матурантот Драган и на неговиот помал брат. Мајка им била покрај нив, па можеби и затоа на Драган му било лесно да не се откаже од школувањето.

Драган запишал прво градежен факултет, зашто тоа била желбата на неговиот покоен татко, но набрзо се откажал од градежништвото и ѝ се посветил на глумата.

– Татко ми, за жал, почина кога бев пред матура. Еден од последните разговори што ги паметам со него додека лежеше на постела беше токму тој дека треба да се занимавам со сериозни работи во животот, а тоа потсвесно влијаеше да изберам градежништво. Но, сфатив набрзо дека тоа не е за мене. Мајка ми и брат ми ме поддржаа, иако се гледаше дека се плашат.

Воедно актерот Драган Бјелогрлиќ со потресен говор се опрости и од Марко Николиќ, актерот со кого во серијата „Бољи живот“ ги играа улогите на татко и син.

– Како да се биде едноставен, обичен, ненаметлив, а истовремено силен, автентичен и неповторлив. Илјадници уметници ги потрошија животите трагајќи по таа формула обидувајќи се да го достигнат тој идеален спој. На Марко Николиќ тоа не му беше потребно. Нашиот Маре таков беше роден, така и живееше. Марко сакаше да лови риба, да плови по реката, да пие вино, да свири гитара и да пее. Се возеше со градски превоз и се дружеше со комшиите, мајсторите и сите едноставни, би рекол, обични луѓе.

За глумата и театарот ретко зборуваше. Не трчаше по улоги, тие сами му доаѓаа, а тој ги заживуваше. Лишен од амбицијата да биде најдобар и најпопуларен, тој беше и едното и другото и затоа како најголема актерска ѕвезда на 80-тите години во големата Југославија тој се возеше со градски превоз и тоа на ниту еден од неговите обожаватели не му беше чудно, им беше нормално затоа што тој секогаш беше еден од нив.

Марко секогаш беше еден од нив, наизглед обичните луѓе. Затоа неговиот лик Гига беше најомилен Моравец и во Сплит, и во Марибор, Ријека, Цетиње, Тетово, Загреб, Приштина, сегде… – зборуваше Бјелогрлиќ.

– Пет години ја снимавме „Бољи живот“ и после тоа продолжив да го викам „чале“, а тој мене „сине“. Во својата последна улога тој се наоѓа на брод и оди на пат од кој нема да се врати. Тоа беше улога за него. Беше уморен и едвај одеше. Кога заврши со улогата, рече: „ех, зошто навистина не отпловив“.

Марко, јас те замислувам сега и посакувам да си го пронашол тихото пристаниште по кое трагаше. И можеби ќе се сретнеме таму еден ден, ти ќе ја фрлиш јадицата, ќе ја земеш гитарата и ќе запееме… до тогаш многу ќе ми недостигаш добар мој чале, добар мој Гиго, заврши актерот.

Претходна статијаВо серијата глумат роднини, во реалноста се заљубен пар ФОТО
Следна статијаВреди да ги имате овие три женски хороскопски знаци кои носат благослов и среќа