Една од тешко повредените во автобусот е трудница – четворица се борат за живот

0

Најголемиот број повредени во несреќата на автопатот Скопје-Тетово, имаат повреди на екстремитетите и абдоменот.

Пет пациенти се донесени на Ургентен, некои бараат итна интервенција, јавува Сител.

Во болницата во Тетово се пренесени две лица, меѓутоа, како што јави дописникот на МИА, директорот нема информации во каква состојба се повредените.

Официјални информации се уште нема за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.

На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

На местото има над 20 амбулатни возила, а во извлекувањето на телата учествуваат и багери и помагаат локални жители.

Мобилизиран е целиот медицински тим и ослободени се сите операциони сали.

Од петте повредени, 4 се со животно загрозувачки повреди.

Една од повредените е трудница.

Во болницата 8 септември има 20 пациенти, за среќа межу нив нема деца сега засега.

Претходна статијаЛуѓето со тешки повреди се пренесуваат во Ургентен центар
Следна статијаДиректорот на Градска болница потврди: Четворица патници настрадаа во автобуската несреќа