Дневница над 150 евра: Германија бараат работници за оваа работа, можат да конкурираат и македонци

0

Низ хрватските медиуми овие денови се шири веста за напорна, но брза заработка, за која не е потребно познавање на германски јазик, туку само добра телесна кондиција и доволно слободни денови за привремено вработување.

Како што пишува Слободна Далмација, се работи за берачи на аспархгус во Германија со дневна плата која достигнува и до 150 евра, пауза за обилен ручек и слободна недела.

Сезонската работа на берачи на аспаргус трае од овие денови па до јуни (во времето на сез0ната на аспаргусот), а за разлика од добрата и брза заработка, како негативна страна на оваа работа тревба да се истакне подгрбавената положба, макотрпна репетитивна мануална работа и повремено тешко подносливи климатски услови – топло и работа во кал.

Јасминка Лемо, претседателката на Здружението на невработени во Сплитско-далматинскиот округ порачала дека ваквиот тип на вработување не е трајно решение.

-Целосно ги разбирам очајните, невработени и презадолжени граѓани, не само во Хрватска туку на цел Балкан, кои ги разгледуваат опциите за сезонска работа во странство, но ние – а веројатно и тие сами не го сметаат за сериозно решение.

На сезонските работници кои имаат намера да заработат „брзи пари“ со заминување во странство, сега имаат идеална прилика.

Во Германија сега е актуелно берењето аспарагус, работа која може да ви донесе и до 150 евра дневно. За работата можат да конкурираат сите заинтересирани од Македонија.

Како што пренесува хрватскиот „Пословни дневник“ германските работодавци од оваа година даваат минимум 8.60 евра бруто за еден час, што е нешто повеќе од минатата година. Сепак тие што се запознаени со тамошните услови велат дека таа бројка е пренадувана.

Берењето аспарагус за германските работници е слабо платена работа, бидејќи на работникот му се одбиваат пари од платата за храна и смештај.

Треба да се знае дека за време на слободните часови работникот треба да работи, живее, и да спие во заеднички простории со другите вработени. Тука спаѓа и делењето на тоалетите и тушевите.
Исто така од саатницата треба да ја исклучите паузата бидејќи не ви е платена.

Работниот ден трае 12-13 часа. Во посебни случаи кога аспарагусот расте брзо и кога е топло времето работниот ден трае и до 20 часа.Може да се земе една или две паузи за ручек, кои се одбиваат од дневницата.

На Германија до 2060 година ѝ требаат најмалку 260 илјади нови работници од мигрантско потекло годишно, за да ги задоволи своите потреби и да го покрие демографскиот недостиг, јави Дојче Веле.

Од таа бројка, околу 146 илјади луѓе секоја година ќе треба да мигрираат од земји кои не се членки на ЕУ, покажа истражување на Фондацијата Бертелсман.

Поради стареењето на населението, се проценува дека работната сила во Германија ќе опадне за една третина, или за 16 милиони луѓе до 2060 година, доколку не се зголеми миграцијата. Без нови странски работници, недостигот на работна сила може да има катастрофално влијание врз четвртата најголема економија во светот.

Студијата проценува дека околу 114 илјади луѓе ќе мигрираат од други земји на ЕУ, но демографскиот фактор и економското приближување меѓу земјите од ЕУ ќе го намалат поттикот за работниците да се доселуваат во Германија.

Директорот на Бертелсман, Јерг Дрегер изјави дека официјалните бројки покажуваат оти во 2017 само 38 илјади работници дошле и останале во Германија.

Во студијата се заклучува дека Германија под итно мора да донесе имиграциски закони со кои ќе се привлечат средно и високо обучени работници, но и да развие поробустна програма за интеграција, пренесува Дојче Веле.

Претходна статијаДенеска се празнува Свети Симеон, заштитник на децата – направете го ова за здравје на најмладите
Следна статијаСезен и Сефер Цаноски: За околу една недела веќе не очекува нешто прекрасно, раѓањето на нашата ќерка