Популарниот турски заводник Бурак Озџивит, познат како Бали Бег од “Сулејман Величествениот” и Ќамран од “Дневникот на Фериде”, а кој на мaлите екaрни во Македонија се врати со улогта на Кемал во „Карсевда” живее навистина раскошен живот.
Турскиот актер Бурак Озџивит сме го гледале во повеќе серии, а моментално кај нас е актуелен со улогата на Кемал во серијата „Карасевда“.
Турските медиуми будно го следат неговиот приватен живот, па на интернет лесно може да се пронајдат информации и фотографии од неговата приватност и семејството.
Да потсетиме, Озџивит се повлече одреден период од јавноста а причината, како што навде е неговата моментална психичка состојба.
Наводно актерот страдал од депресија.
Бурак Озџивит , познат по улогата на Бали бег во серијата ,,Сулејман Величествениот” поминува низ многу тежок период во животот. Актерот во последно време страда од тежок облик на депресија . Според турските медиуми , по загубата на татко му , кој му бил пример во животот , сега е болен и неговиот таст. Озџивит повлекувањето од сцената го најави на социјалните мрежи .
,, Се чуствувам депресивно . Ми треба одмор и секако наскоро нема да ме видите да работам .” , порача популарниот Бали бег. Медиумите во Турција пишуваат дека Озџивит во последно време е непрепознатлив , а како причина се спомнува ,,синдромот на согорување”.
На неговата лоша состојба придонесоа и деловните неуспеси , како и семејните драми. Затоа , Бурак решил да се повлече од јавноста и да оздрави во друштво на својата сопруга , актерката Фахрије Евџен.
Бурак се прослави во серијата „Сулејман величенствениот” која го прослави ширум светот, особено кај жените.
Со оглед на тоа дека со години е меѓу најпосакуваните мажи, не треба да изненадува фактот што треба да издвоите дебела сума за да вечерате со маркантниот заводник.
За запознавање со него во рамките на емисијата „Meet and greet” девојките издвојуваат околу 600 евра, а во тоа е вклучен и краток разговор со актерот, фотографирање и автограм.
Ако сакате пак повеќе време со него, може да присуствувате на групна вечера и тоа за 1200 евра.
Бурак е во брак со Фахрие Евџан или позната како Неџл од хит серијата „Кога лисјата паѓаат”
Откако се венчаа купија голема вила и имаат живот како големи холивудски ѕвезди.