Запознајте ги сопругата и трите деца на Лазар Бараков од македонски народни приказни

0

Со старите македонски народни приказни израснаа многу генерации. Времето врви, генерациите се менуваат, а приказните чиниш како да се направен денес.

Се’ уште атрактивни и уникатни и по својата содржина, реализација, актерска изведба… Ги гледаат и се потсетуваат на нив и повозрасните, им се радуваат и учат од нив и поновите генерации.

Се разбира, денес повторно се снимаат нови серијали, со нови помлади актерски ликови, иако се чини дека најзаслужни за нивната популарност се токму актерските легенди како Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска, Кире Печијаревски, Лазар Бараков….

За жал, некои не се повеќе меѓу нас, други се’ уште се дел од приказните, додека трети пак гордо се сеќаваат на времето кога ги играа едни од највпечатливите улоги во „македонската играна ТВ лектира“.

Сигурно и вие го помните актерот Лазар Бараков од македонските народни приказни.

Во нив тој секогаш имаше интересни улоги, па од ѓавол до слуга и будала сме го виделе во секакво издание.

Во голем дел од приказните тој беше слуга на најголемиот македонски цар од народните приказни – Ѓорги Колозов.

Лазар потекнува од струмичкото село Мокрино.

Денес тој ужива во седмата деценија од животот со сопругата Лилјана и децата Македонка, Викторија и Александар. Погледнете како изгледа неговото прекрасно семејство!

Претходна статијаЗа оваа тага нема лек – Лазиќ објави видео кое покажува каква е вистинската негова состојба
Следна статијаБЛАЗЕ ВАС: Три хороскопски знаци на кои 2019 ќе им е најсреќна во животот!