Временска прогноза за февруари: Зимата зема силен замав – бидете подготвени за нов студен бран

0

Во следните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.

Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови.

По одделни котлини ќе има појава на магла.

Според најновите анализи кој сега ги направивме укажуваат на тоа дека зимата со полн замав ќе продолжи и во текот на следниот месец, односно во февруари, информира метеорологот Славчо Попоски.

Поточно очекуваме температури блиску нормалните за тој месец од годината, сепак врнежите треба да бидат значително од просечните за тој дел од годината како кај нас па така и над целиот Европски Континент, секако и на Балканскиот Полуостров, прикажано на следната метеоролошка карта:

Во ваква ситуација може да очекуваме врнежи и од дожд и од снег, и понатаму ќе има услови за формирање на снежни невремиња низ Европскиот Континент.

Услови за вакви појави има и на Балканскиот Полуостров што значи зимата во полн замав треба да ја има и во текот на следниот месец, барем гледано според сегашните анализи, секако со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа на времето можни се и измени на истите.

Инаку пак во изминатиот период во поголем дел од Европа владееше вистинска зима, во алпскиот регион снежната покривка изнесува дури и над три метри каде постои опасност од појава на лавини.

Многу снег во изминатиот период е забележан и на Балканот како и кај нас.

Претходна статијаКарлеуша се разведе и од првиот сопруг поради неверство – Ги фатил на дело
Следна статијаСите зборуваат за змијата што шета по снегот – мештаните сметаат дека се работи за многу лошо претскажување