Вечерва по полноќ е Богојавление Водици- сите девојки треба да замесат тесто,а ова е причината

0

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според Библијата, на овој ден се отворило небото и се слушнал божјиот глас.

Во библиска Палестина, на денот 19 јануари, на денот Богојавление (кога Бог се јави), Божјиот Син влегол во Јордановите води. Свети Јован Крстител го крштевал. Во спомен на крштевањето на Господ Исус Христос и објавувањето на Светата Троица, се прославува големиот Господов празник Богојавление.

Православните христијани утре го празнуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици. Поради тоа што со влегувањето во реката Јордан, Исус ја осветил водата, празникот е познат и со името Водици. На овој ден и ние го славиме Отецот, Кој одозгора говореше и Чиј глас се слушаше, Синот, Кој долу на земјата се крсти во Јордановите води, и Духот, Кој како гулаб слезе. Го славиме Едниот во Троица Бог, на Кого навек му се поклонуваме.

За спомен на оваа Божествена тајна – Крштевање на Господ Исус Христос, за спомен на овој значаен настан од животот на Неговото спасоносно дело на земјата, и денес се свети вода. своите раце да ги кренат на Мене, за на смрт да ме предадат…Заради човекот станав Човек. Значи, што е чудно што како Син Човечки доаѓам да се крстам. Зашто, созданието на своите раце не го презрев, не се посрамив од земната природа; останувам што бев; и што не бев зедов на себе, а моето битие останува непроменливо”. (Св. Јован Златоуст)

На празникот Богојавление се врши голем Богојавленски водосвет и тоа надвор од храмот, во неговиот двор, на море, езеро, река, чешма, извор и сл. Свечено, со литија, се тргнува кон местото на водосветот. Се упатуваат молитви кон Бога, да се осветат водите, со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух и да се просветиме со светлината на познанието. Да ни дарува Бог благодет и да ни испрати благословување Јорданово.

Се пее црковната песна: „Гласот Господов – над водите извикува: Претечата затрепери и извика: Како да го осветли Светилникот на светлината, како слугата да ја положи раката на Господарот? Освети ме мене и водите, Спасителу, Ти, Кој го земаш гревот на светот”.

Со песни ги прославуваме големината и чудесата Божји: На 20 јануари се прославува соборно со песни празникот Собор на Свети Јован Претеча и Господов Крстител. На овој ден се одбележува споменот на десната рака на Свети Јован Крстител, светата рака со која ја допре главата на Христос при крштевањето, која Светиот Евагелист Лука ја пренел од Севастија во Антиохија.

Подоцна била пренесена во Цариград. За величината на Свети Јован Крстител ни зборува Самиот Господ Исус Христос: Свети Јован Крстител јавно го критикувал неморалот на цар Ирод, кој живеел со жената на својот жив брат Филип.

Затоа тој наредил да му ја отсечат главата. Дојдете, примете го сите духот на премудрост, духот на разум, духот на страв Божји, од Христа Кој се јавил…Господи, си дошол кон гласот од оној кој вика во пустината – пригответе
го патот Господов – откако прими лик на слуга, барајќи крштение – Ти што не знаеше за грев. Те видоа водите и се исплашија. „Велик си, Господи, и чудни се твоите дела и ниеден збор не е доволен да ги испее Твоите чуда”.

„Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител”.

Храмови посветени на Св. Јован се подигнати на местото на крштевањето на Господ, во Севастија – каде бил посечен, во Антиохија – каде Св. Ев. Лука ја донел неговата десна рака и во Цариград – каде оваа света рака била пренесена од Антиохија, како и во целиот свет.

Токму на местото каде што реката Јордан истекува од Галилејското Море се наоѓа местото на крштевањето – Јорденит. Аџии, поклоници и туристи од цел свет се собираат овде и облечени во бели долги кошули влегуваат во Јордан и се крштеваат

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според Библијата, на овој ден се отворило небото и се слушнал божјиот глас.

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става име на симпатијата, а едно топче останува празно.

Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе ја кажува судбината.

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става име на симпатијата, а едно топче останува празно.

Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе ја кажува судбината.

Претходна статијаОвие хороскопски знаци ќе владеат следниот месец
Следна статијаСе огласи и директорот на Гранд Саша Поповиќ: После се Карлеуша ќе излезе како победник