Откако неколку медиуми објавија преписка меѓу градоначалникот на Аеродром и сопругата на Саше Политико, Златко Марин испрати демант на овие информации.
Наводните скриншотови од разговори помеѓу градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, и сопругата на Саше Политико се лажни, објави на Фејсбук градоначалникот Марин.
“Ова е безобрзаен обид за рушење на мојот личен интегритет и репутација.
Барам извинување и официјален демант на лажната вест од сите портали и физички лица кои ја имаат пренесено оваа груба лага.
Во спротивно најавувам тужба за клевета и навреда за сите оние кои ги шират лажните вести “, вели Марин.