Путин од Вучиќ побарал само една работа – претседателот на Русија сака да го види ова

0

Претседателот на Русија, Владимир Путин, кој в четврток ќе пристигне во Србија, ќе го чуваат повеќе илјади полицајци, а се шпекулира за бројка од 7.000, објави „Политика“.

Весникот наведува дека припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе преземат максимални мерки за безбедност, а ќе биде изменет и режимот на сообраќај во одредени делови на Белград. Исто така, се шпекулира дека во Белград веќе стигнале околу 250 најелитни руски специјалци, како и личното обезбедување на рускиот претседател.

Тие наводно ги проверуваат рутата по која ќе се движи Путин, местото на состаноците со српските државници, храната, интернетот и слично. Снајперисти, пак, ќе бидат распоредени по највисоките покриви во Белград.

Руските специјалци наводно доаѓаат со развиена технологија за спречување напади со дрон, каква што нема во Србија, пишува „Политика“.

Во обезбедувањето на Путин ќе учествува и српската војска. Три српски „мигови“ би требало да го следат авионот на Путин од моментот кога ќе влезе во воздушниот простор на Србија.

Аналитичарите велат дека силните врски меѓу црквите одиграа важна улога во обновувањето на влијанието на Русија откако историскиот сојуз ослабе кога поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито се сврте од Советскиот Сојуз за да ги зајакне врските со Западот.

Популарноста на Путин е главно поради тоа што Кремљ ја поддржува Србија во отфрлањето на независноста на поранешната провинција Косово, која српската црква го смета за свое родно место и каде што се наоѓаат стотици нејзини средновековни манастири и цркви.

Традиционално тесните врски меѓу Русија и Србија беа обновени кога Путин ги засили напорите за враќање на влијанието на Москва во поранешните комунистички земји во источна Европа.

Храмот Света Сава е подготвен за пречек на претседателот на Русија, Владимир Путин кој утре со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе го посети, а двајцата претседатели симболично ќе учествуваат во поставувањето на еден од мозаиците.

За изработка на тој мозаик употребени се повеќе од 40 тони стакло во боја запечени со злато и сребро.

Освен Русија, која помага про поставувањето на мозаикот, завршувањето на работата во храмот ја финансира и Владата на Србија, која издвоила 10 милиони евра за негово завршување.

Рускиот претседател самиот побарал да учествува во поставувањето на мозаикот.

Претходна статијаСе огласи и мајката на Карлеуша – Дивна упати многу интересна порака
Следна статијаПред нас е многу тежок празник: Денот кога небото се отвара, девојките пред спиење треба да го направат ова