Овие растенија вреди да ги имате дома – носат среќа, пари и успех

0

Ако сакате среќа, благосостојба и здравје дома, внесете ги овие билки. Според Фенг Шуи овие растенија мора да ги имате дома.

Бамбусот е растение кое носи среќа во домот. Според Фенг Шуи привлекува позитивна енергија, успех и стабилен брак. Се препорачува дома да чувате три или девет бамбуси за среќа.

Ова популарно украсно растение не бара речиси никаква нега и лесно се прилагодува на новата средина. Добро успева на светли места заштитени од директно сонце или во полу-сенка. Се чува на одстојана вода (1,5-5 см), која треба да се менува еднаш неделно. Оптималната температура за чување е 15-32 степени.

Поради преголемата концентрација на хлор во водата листовите може да пожолтат. Од таа причина, најдобро е водата да отстои еден ден на отворено и потоа да се користи. Доколку “бамбусот” го чувате во вазна, водата треба да се менува еднаш неделно. Пожолтените листови треба да ги отстраните веднаш, се со цел да израснат нови. За да стеблото биде свиткано, растението треба да го ставате на различни агли во однос на светлината.

Амајлија во домот!

Среќниот бамбус позитивно влијае на атмосферата во домот и на емоциите на луѓето кои живеат во него. Според кинеско верување, ова растение стимулира напредок и успех во работата, има позитивно влијание врз здравјето и љубовниот живот, и воопшто, носи среќа и благосостојба во домот.

Вообичаено е за љубов и брачна хармонија да се подаруваат две стебла, за среќа три, пет за здравје, седум за благосостојба, осум за просперитет и девет за среќа во сите области.

Исто така, и орхидејата е растение кое дома привлекува среќа. Според Фенг Шуи листовите на цвеќето помагаат за нова љубов и среќа. Чувајте го во спалната соба.

Претходна статијаДивна Карлеуша: Душко е швалерџија, Јелена не го интересира ВИДЕО
Следна статијаЌе им се насмевне среќата – Многу успешна недела за овие хороскопски знаци