Ова се родителите на Путин – Неверојатно многу личи на мајка му ФОТО

0

Владимир Владимировиќ Путин моментално е најмоќен човек на светот, новиот руски цар, како што сакаат многумина да го наречат, но патот на момче од сиромашно работничко семејство до шеф на Кремљ не бил воопшто лесен ни едноставен.

Претседателот на Русија е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград, денес Санкт Петербург. Неговиот татко Владимир Спиродоновиќ Путин (1911-1999) и мајка Мајрија Ивановна Шеломова (1911-1998) и двајцата фабрички работници, веќе ги изгубиле своите две деца.

Тој и неговото семејство живееле во таканаречени комуналки, национализирани згради, а станот го делеле со уште две семејства.

-Не бевме богати. Моите родители живееја од плата до плата и понекогаш позајмуваа пари од други, но имавме телевизор , како и нашите соседи – раскажал рускиот претседател.

Школото, кажувал, не му било важно – бил лош ученик, и толку немирен што не му е дозволено да стане пионир. Меѓутоа, сѐ се променило, кога отишол во кино и го погледнал филмот „Мечот и штитот“, за рускиот шпион кој се инфилтрирал во штабот на СС. Тогаш решил да стане шпион, па се посветил на џудо и учење странски јазици.

Обнова на државата

Eлцин Путин го поставил за премиер на Русија на 9 август 1999 година, а на 31 декември и за претседател.

„Две три недели пред Нова година Борис Николаевиќ ме повика во кабинетот и рече дека донел одлука да замине и дека јас морам да ја вршам должноста претседател. Седнав и молчев, а потоа му реков дека тоа е тежок живот и дека не сум сигурен дали сакам таква судбина“. – “И јас имав други планови, но судбината така одреди. Мислам дека и вашата судбина е таква да мора да донесувате одлуки, сигурен сум дека ќе успеете“, му рекол – раскажал Путин.

Неколку месеци подоцна Путин победи на претседателските избори и почна обнова на земјата – за осум години БДП и куповната моќ скокнаа за 72 отсто, а Русија повторно стекна воена моќ и меѓународен углед. Секако, се тоа имало цена, па Владимир Путин стана дежурна бабарога за Западот, каде го обвинуваат за се – од труење на луѓе по улиците, преку организација на демонстрации во Франција и Германија, до изборите во Америка – пишува српски Курир.

Путин беше на позициите претседател од 2000 до 2008 и повторно од 2012 додека функцијата премиер повторно ја извршувал од 2008 до 2012, кога шефот на Кремљ бил неговиот најблизок соработник Димитриј Медведев.

Владимир Путин е еден од најпопуларните политичари на светот, и дефинитивно е човек кој го одбележа 21. век.

Неговиот татко се викал Владимир Спиридиновиќ Путин, а мајка му Марија Ивановна Путина. И двајцата се родени во 1911 година. Татко му починал во 1999 година, а неговата мајка една година подоцна.

Татко му добар дел од 30-те години поминал во Балтичката флота како подморничар, а Втората светска војна ја поминал во борба со германските окупатори на фронт.

Мајка му работела во фабрика, а кога се родил рускиот претседател работела како домарка во зграда за да биде што поблиску до бебето.

Неверојатно колку Путин личи на својата мајка, а во тоа може да се уверите и сами:

Претходна статијаИ Цеца дојде пред црквата Свети Сава да го поздрави Путин ФОТО
Следна статијаГолем месечен хороскоп за Февруари – Бикот многу успех во кариерата, потешкотии за овенот