Поларните температури кој ги имавме во изминатиот подолг период барем засега се зад нас а до новиот студен бран уживајте во повисоките температури на воздухот кој во следните денови ќе бидат во позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, за време на викендот како и на почетокот на следната недела максималните днневни температури на воздухот понекаде ќе се искачат и над 10 степени но времето нема да биде баш стабилно, анализира Славчо Поповски.
До петок останува претежно стабилно и сончево со мала локална облачност а потоа облачноста ќе се зголеми и ќе има локални но послаби врнежи и тоа од дожд на ниските места и снег на планините додека повремено услови за слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 800, 900 м.н.в.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.
Позначителен пораст ќе бележат и минималните утрински и ноќни температури на воздухот кој во текот на следниот период само понекаде ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места истите ќе бидат околу нулата или малку над нулата.