Направете ги овие пет промени во куќата и парите ќе ви стигнат

0

Оној кој вели дека домот е огледало на нашата душа не греши. Просторот во кој живееме ја рефлектира нашата личност и начинот на кој го гледаме животот. Фенг шуи се занимава токму со протокот на позитивна енергија која циркулира во домашната средина во која живееме и како може да го зголемиме со изборот и позицијата на мебелот.

За да го направите тоа, не треба да бидете експерт во ориентална филозофија или дизајнер. Тоа што ви е потребно е логично размилување и неколку добри совети за похармонично уредување на вашиот дом. Откријте кои се тајните на фенг шуи со кои ќе постигнете целосна хармонија и благосостојба.

Фенг шуи е древна кинеска вештина според која некои работи во животот можете да ги унапредите или уназадите зависно од распоредот во куќата. Ако сакате да си ја подобрите финансиската состојба направете ги овие измени.

Вода

Сите цевки кои ќе ви „протечат“ се знак дека парите ви „протекуваат“ низ раце, вели консултантката за фенг шуи, Карен Раух. За да си ги подобрите финансиите вели дека сите вакви цевки мора да се поправат, но и да се промени водата во вазните за цвеќе. Во спалната вели дека не треба да има уметнички слики на кои е прикажана вода. Не поставувајте огледала на места повисоко од вашиот нос.

Внесете повеќе билки

За да просперирате во животот, вашиот простор мора да биде жив и без неред. Ова го вели Лаура Бенко, која исто така е фенг шуи стручњак. Нередот пречи на слободниот проток на енергија. Животната сила можете да ја засилите со билки и цвеќе, но и редовно проветрување. Фонтаните се симбол на пари, па затоа размислете за некои нови украси.

Декорирајте со боите на богатство

Боите влијаат на вашето расположение. Црвената се смета за многу моќна боја. Ако сакате да привлечете пари, декорирајте со црвено, зелено и виолетово.

Чиста кујна

Вашата кујна е поврзана со можноста да привлечете пари. Ова го тврди Сузане Мецгер, која е фенг шуи консултант. Потрудете се да ви биде беспрекорно чисто.

Ослободете се од старите предмети

За да заработите пари, мора да се ослободите од старите работи. Сигурно во некоја кутија чувате стари далечински управувачки, облека и предмети кои веќе не служат на никого. Ако нешто не користите, значи не ви е важно, ниту ви е потребно.

Претходна статијаОва се трите турски убавици со кои беше Кемал прeд да ја ожени Неџла
Следна статијаТежок ден утре ќе имаат овие хороскопски знаци