До крајот на денов облачноста која ја имавме над Македонија ќе се намали но ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе засилува на интензитет, максималните температури ќе се искачат во интервалот од 2 до 11 степени, пишува метеорологот Славчо Попоски.
Почнувајќи од утре во текот на денот, од североисточна Европа кон нашата територија ќе продира поларен воздушен бран и сето ова над Егејското Море ќе услови формирање на циклонски систем кој од утре попладне и навечер па во текот на следните денови ќе услови почести врнежи од снег па така во најголем дел од државава ќе се формира снежна покривка, на повисоките места и на планините истата ќе се зголеми дури и за над 30 сантиметри.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 3 Целзиусови степени, Маврово -3, Охрид 3, Крива Паланка 2, Кавадарци 5, Прилеп 2, Берово 1, Дојран 7 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -4 во Маврово, 3 во Скопје и Охрид до 9 степени во Дојран.
Прогнозата за четврток и петок е студено време со врнежи од снег и засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -6 до 1 степен.
Температурите многу ќе опаднат и веќе од четврток максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, уште постудено ќе биде во петок кога максимумот на температурите ќе се искачи во интервалот од -6 до 0 степени, минималните пак на некои места ќе се спуштат дури до -15 степени, на планинските места и до околу -20 степени, сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец кој ќе услови појава на снежни наноси.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица па затоа крајна претпазливост и за пешаците и за возачите.