Ирена Ивиќ, возач на градски превоз во американски Милвоки покажа дека има многу големо срце.
Таа додека го возела автобусот на 22 декември минатата година, приметила босо детенце облечено само по боди. Момчето било само на полупразна улица и сакало да помине преку улицата на местото обележано со семафори.
Без воопшто да размислува Ирена го застанала полупразниот автобус и излегла од возилото.
Бидејќи детето веќе се оддалечувало, таа со трчање го стигнала и го донесла во автобусот каде еден од патниците му ја дал својата јакна со цел детето да се стопли.
„Ох Боже, целата се тресам“, изговорила Ирена која влегла во автобусот.
Чекајќи да дојде полицијата и пожарникарите, момчето мирно заспало во рацете на Ирена, а како што е подоцна соопштено, мајката на детето го исфрлила него на улица, па тоа сега е вратено кај неговиот татко.