Во текот на денов врнежите постепено ќе се поместуваат кон исток и на повеќе места ќе поминуваат во снег со што снежна покривка понекаде ќе се формира и на пониските места, во вечерните часови облачноста краткотрајно ќе се намали па токму ова ќе услови значително опаѓање на температурите и утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 додека на планинските места ќе се спуштат и под -10 степени, анализира Славчо Поповски.
Веќе во текот на утрешниот ден циклонот Невен ќе услови ново зголемување на облачноста и најпрвин на запад ќе има врнежи кој ќе бидат претежно од снег иако накратко на некои од пониските места можно е да бидат од дожд и снег, кон крајот на денот и навечер врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират на повеќе места со што ќе дојде до формирање на снежна покривка на повеќе места додека на повисоките места и на планините значително ќе се зголеми.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поради ниските температури на воздухот ќе има појава на голомразица па поради ова на возачите им препорачуваме да бидат претпазливи особено низ планинските превои.
Снегот почна да вее низ цела Македонија, а снежна покривка има и во Скопје. Деве Баир е затрупан, а на места сеуште вее.
Во Законот за јавна чистота се пропишува дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи.
Законот предвидува глоба во износ од 1 000 евра да му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект, пренесе Емагазин.
Глоба во износ од 4 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.