ВИДЕО: Македонец направи вистински хаос во Гранд – жирито мораше да ги менува правилата за него

0

Македонецот Филип направи хаос во Ѕвездите на Гранд, па поради неговиот настап од кој публиката падна во транс, се сменија дури и правилата.

Затоа, директорот на Гранд одлучи да ги промени правилата и дозволи дури и откако се отвори ѕидот, нашиот Филип уште еднаш да ја испее песната за жирито да види за што станува збор.

Во новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има неколку македонски претставници, некои од нив се од претходната сезона, а некои се нови лица.

Така, во првиот круг настапуваа Огнен Здравкоски, Адам Лабунски, Стефан Величковски, Филип Пецовски…

Според новите правила на продукцијата, секој кандидат има по еден ментор кој ќе треба да го советува кандидатот и да го насочува во неговото пеење.

Огнен Здравкоски во првиот круг се претстави одлично, а Марија Шерифовиќ веднаш го препозна и прифати да му биде ментор.

Бидејќи полека наближува крајот на првиот круг, а наскоро ќе треба да започнат снимањата на вториот, кандидатите полека започнаа да се подготвуваат.

Имено, деновиве Огнен е во Белград каде што заедно со Шерифовиќ ги прават финалните подготовки за следниот настап.

Здравкоски на социјалните мрежи сподели фотографија од атмосферата, а што ќе го советува Марија и како ќе се претстави во вториот круг останува да видиме.

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше скопјанецот Стефан Величковски.

Тој се претстави со песните „Нисам те због лепоте волео“ од Жељко Јоксимовиќ и „Лапсус“ од Саша Ковачевиќ.

По своите изведби, Стефан доби четири гласа, односно од Вики Миљковиќ, Џорџе Давид, Јелена Карелуш и Ана Бекута.

Тој истакна дека очекувал да има толку гласови, по што настана општи хаос во студиото на „Гранд“.

„Првата песна беше убава. Меѓутоа, песните на Саша Ковачевиќ ви се такви замки и сите паѓате“, почна да коментира Џорџе, а Стефан го прекина и истакна дека мисли и дека втората песна добро ја отпеал.

Во дебатата се вклучи и Јелена Карлеуша која изјави дека Македонецот има голема самодоверба.

„Едвај чекам да се појави некој пејач и да го отпее Саша Ковачевиќ како треба. Не знам дали да те земам или не и изгледа дека ти ќе ме учиш како се пее, а не јас тебе“ дополни Џорџе, на што Стефан имаше реплика и истакна дека и тој може да го учи рок пејачот како се пее.

Вики го потврди својот глас, но беше збунета од правилата.

„Не е добро кога некој има самодоверба, не е добро кога некој нема самодоверба, па чекајте кој е проблемот?“ Вики застана во одбрана на скопјанецот.

„Овој дечко не е самоуверен, туку е арогантен“ се вмеша Карлеуша.

Вики беше на страната на Стефан која го одбрани и истакна дека дечкото не е аронгантен туку дека има соништа кои сака да ги исполни.

Стефан истакна дека доколку требал да се одлучи меѓу Вики и Џорџ тој ќе ја одбрал Вики.

„Ти си дечко безобрзазен до крај. Ти си нешто најодвратно во последните неколку емисии. Тој арогантен став нема да те одведе никаде. Оди си, ја доби Вики, оди си, не сакам повеќе да те слушам“, распали Карелуша по Стефан.

Само Вики го остави својот глас и таа ќе му биде ментор на Стефан за следниот круг.

Претходна статијаШто значи прекарот Лепа Брена и зошто таа не го поднесува
Следна статијаПред Јована и Леонтина: Жељко Јоксимовиќ беше во врска со Цеца ФОТО