Зимата оваа година започнува вечерва во 23 часот и 22 минути, и денот кога започнува зимата е најкраток, а ноќта најдолга.
На овој најкраток ден постои и еден ритуал кој крајот на годината ќе го направи уште поубав и поинтересен.
Народното верување вели дека периодот помеѓу 21. и 22. декември, кога Сонцето повторно се раѓа е идеално време за промени и желби. Секоја желба замислена на зимската краткоденица ќе биде исполнета.
Затоа на хартија запишете се низ што сте минале оваа година, а потоа таа хартија запалете ја, за симболично да се ослободите од сите стари и лоши искуства.
На друга хартија запишете ги своите желби, а потоа истата закачете ја на елката.
Последната и најјака полна месечина во 2018 година ќе имате прилика да ја видите на 22 декември. Поради студените денови во кои се јавува неа ја викаа и Студена/Ладна Месечина, а поради тоа што во прашање е последната полна Месечина во годината, позната е и како Долга месечева ноќ.
Според верувањата, на оваа полна Месечина треба да посакате некоја желба и таа ќе ви се оствари.
Имајте на ум дека оваа полна месечина ќе биде во знакот на Ракот, во четвртотот поле на домот и семејството. Емоциите ќе бидат многу нагласени, а бидејќи Месечината ќе биде и во аспект со Сатурн, работите нема да бидат лесни. Многумина ќе се вратат во минатото со помош на сеќавањата кои можат да бидат и добри и болни, што зависи од аспектот во личниот хороскоп.
Секако, бидете во друштво на семејното опкружување и прославите. Избегнувајте расправи и гледајте собирите да ги доведете во енергијата на љубовта, топлината и хармонијата. Бидејќи Венера ќе биде во знакот на Шкорпијата таа ќе направи добар аспект со Нептун, па има и добри шанси таа вашите негативни емоции да ги трансформира во хармонија и љубов.
Пред многумина од вас се убави и хармонични случувања за време на оваа полна Месечина, но некои можат да имаат стресен и тежок период. Најголемо влијание ќе осетат лицата од првата декада на Ракот, Јарецот, Овенот и Вагата. Бидејќи полната Месечина паѓа во првата декада на Ракот, така сите кои се родени во првата деката на секој знак ќе почувствуваат јаки вибрации.