Уште еден пратеник од опозицијата ќе гласа за уставните измени по внесените забелешки од јавната расправа

0

Предлог-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа веќе се пред пратениците откако беа усвоени на синоќешната владина седница. Четирите уставни амандмани се со мали корекции направени врз основа на забелешките од скорешната јавна расправа за нив.

Направена е промена во амандманот за Преамбулата каде што по рекациите во јавноста дека се бришат одлуките на АСНОМ , а се вметнува Прогласот кој што не е правен акт сега е најдено компромисно решение. Во преамбулата ќе стои „правните одлуки кои се наведени во Прогласот на АСНОМ“.

Согласно барањата на 8-темина пратеници излезени од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ направени се и дополнителни гаранции за македонскиот идентитет.

Во уставниот закон за прогласување на амандманите пак, е утврдено дека измените на Уставот ќе стапат во сила откако Грција ќе ја ратификува Спогодбата од Преспа и откако ќе го ратификува Протколот за членство на Македонија во НАТО.

Амандманите нема да произведат правно дејство доколку не се исполнат овие услови, пишува во Уставниот закон.

Собраниска процедура за амандманите во третата конечна фаза почнува на 19 декември со седница на уставната комисија. Пленараната сесија пак, е планирана за 9ти јануари. За да се донесат амандманите потребно е дво третинско мнозинство

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ дополнително на координација ќе одредува дали ќе има свои амандмани на амандманите, но останува против уставните измени.

Пратеникот Панчо Минов кој имаше свои забелешки е задоволен од корекциите и тој наместо против како досега, во третата фаза ќе гласа за промени на Уставот. Ќе има амандмани на уставниот закон.

Албанската опозција најавува амандмани бидејки корекциите за нив биле само шминка.

Од опозциската БЕСА велат дека допоилнително ќе одлучат дали ќе го дадат својот глас за амандманите зависно од слухот на власта за нивните барања.

Претходна статијаСтара приказна која раскажува зошто Свети Никола е најпочитуван кај народот
Следна статијаТамара Тодевска покажа како изгледа по породувањето ФОТО