Пред нешто помалку од една деценија побегнавме од Балкан, како и многу други во потрага по подобар живот. Иако сопругот ме убедуваше дека таму не е баш место за мене, цврсто бев убедена дека сакам да одам таму. Не можев да разберам за што зборува.
Додека сите сакаат да се иселат од тука и да пронајдат подобар живот некаде во странство, на Ирина и се случува нешто сосема поинакво. Си ја сака родната земја и слободата на животот тука. Кога кажувам дека од Канада сакам да се вратам во Македонија, луѓето ме гледаат чудно и не ми веруваат.
На своето прво летање преку океанот воопшто и не се сеќавам, бидејќи испив секаква можна таблета за спиење, за летот да помине што побрзо. Се сеќавам само на турбулентното слетување и слики од канадски прерии, од кои се ми се превртуваше во желудникот, дури и од птичја перспектива.
Сфатив дека веќе се наоѓам многу километри далу од сите. Од својот живот, кој го градев 27 години. Прво што приметив на улиците е дека се константно празни. Нема луѓе, но има автомобили…
Опсесијата со храна е болест. Тоа најубаво се гледа во Канада. Од мали нозе децата ги учат да бидат индивидуалци, па кога ќе дојдат до одредени години, не им останува ништо друго, туку само да јадат. Најевтина забава… Дружењето е многу површно. Ретно до сега сме забележале деца како си играат некаде. Ќе видиш мајки со деца во парк, но секое на своја страна. Никој со никого не зборува, не се држи…
Постепено сфаќав дека канаѓаните немаат вистински пријатели. Тие се интерни ѕверови, живеат од денеска за утре, чекајќи еден ден да умрат. Куќа- дом-соба-кревет, додека се мали, а куќа-работа-телевизор-кревет, во повозрасни години. Патувањата се прескапи, и малку од нив можат тоа да си го дозволат. Но, затоа гардеробата “made in China” им е секогаш достапна.
Но, никогаш од нив нема да слушнеш како први ќе се пожалат од својата држава. Но, кога јас ќе почнам да зборувам за висината на порезот и трошоците за живот, тие сите се незадоволни. Се копаат во долгови и не можат да мрднат никаде од својата хипотека и празните кредитни картички.
Да, и тука има мајки кои немаат доволно пари за да платат забар за своите деца. А јасно е и зошто. За чистење на кариес на четири заби, на четиригодишно дете, дадовме 3.200 долари… Станард е само голема куќа и автомобил и тоа на кредит. За се друго, се, со празни џебови.
За да отидеш на лекар, мораш да чекаш со месеци… За ставање пломба на заб на возрасен човек чини околу 700 долари, за имплант повеѓу 5 и 15.000 долари. Просечна годишна плата во Канада е околу 50.000 долари. Порез за куќа е околу 4.000 долари годишно.
Мултикултурноста им е голем проблем. Не се поднесува никој со никого. Сите сме ние таму, а суштински живееме во својата матична земја. Надвор минус 40 степени. А снег колку сакаш. И копање и чистење секое утро, една иста приказна.
Рестораните без луѓе, а и улиците пусти. Во главниот град на Канада, каде и живеам, летна програма на некој измислен плоштад, веќе седма година по ред ја потполнува еден ист акробат…
Слобода како во Македонија? Ни на сон… Да можеш гласно да се изнасмееш и на среде улица? Не ни помислувај. Да седнеш барем еднаш во неделата во ресторан на ручек? Па после ќе бидеш просјак до наредната плата… Ај моја Македонијо. Едвај побегнав од тебе. Сакав нешто ново, поубаво…
Сакав опуштен живот. Во Македонија да, немав пари, ама имав мирен живот. Имав слобода. Децата се други. Луѓето се сиромашни, ама насмеани.
Извор: Балкан