Снег вее низ Македонија – вечерва е бело во овие градови

0

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

Слаб снег кој не се задржува на коловозот, провејува во Битола, Ресен, Кичево, М. Брод, П. Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Времето денеска е променливо облачно со врнежи од дожд и снег.

Во петок облачно со врнежи од снег кои во западните и јужните делови ќе формираат снежна покривка.

Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд.

По оддели котлини ќе има појава на магла.

Претходна статијаЦиклонот Невен зема замав: На овие места вее снег моментално
Следна статијаСвети Никола е најчестата македонска слава: Строго се забрануваат две нешта