Циклон доаѓа кон Македонија – Ќе натрупа снег викендов

0

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до седум степени.

Од недела обилни врнежи од снег.

Поради јужното воздушно струење денес ќе има повремени локални врнежи со слаб до умерен интензитет, на пониските места ќе бидат од дожд додека снег ќе врне само на планинските места низ државава, јави Славчо Поповски.

Во недела ќе има повремени врнежи кој на ниските места ќе бидат од дожд додека во северните и во западните предели на пониските места има услови за дожд и снег или влажен снег каде има услови за формирање на потенка снежна покривка (на некои места). Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, на некои места и со умерен интензитет.

На повисоките места и на планините снежната граница значително ќе се зголемува.

Потоа во понеделник ќе има локални слаби врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Поинтензивен влажен бран циклонот Невен ќе донесе во вторник кога ќе има поинтензивни врнежи и тоа претежно од снег додека услови за дожд и снег ќе има само на некои ниски места и тоа претежно на југот и југоистокот од државава.

Овој бран значително ќе ја зголемува снежната покривка и понатаму на повисоките места и на планините додекана повеќе пониски места истата ќе се формира. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец и истиот ќе услови значително опаѓање на истите и максимумот во вторник ќе изнесува во интервалот од -1 до 7 додека кон крајот на денот ќе започнат значително да опаѓаат.

Претходна статијаТажна вест: Охриѓани останаа без првиот човек на градот
Следна статијаКаракачанов: Македонскиот јазик е измислен – ќе гласам против членство на Македонија во НАТО