Тамара Тодевска: Mој сакан Влатче, фалиш да ги споделам со тебе овие најсреќни денови од мојот живот

0

Македонската поп-пејачка, Тамара Тодевска сподели песна од групата „Морал“ во која фронтмен беше Илиевски, додавајќи дека секој ден помислува на него и жали што овие нејзини среќни денови не може да ги сподели со Илиевски.

„Ми текнува на овој дел од концертот, кога се појавија „Морал“ и кога Влатче беше највеќе свој додека пееше со нив. Колку плачев од среќа, зошто знаев дека во тој момент беше најсреќен на светот. Ова беше музика која највеќе му лежеше и највеќе му стоеше. Ваков го запознав и ваков ќе го запамтам.

Покрај тоа што беше уметник и уникатен, беше другар за пример, полн со љубов, емоција, емпатија. Многу ми фали да ме насмее, да ме извади од такт, да ме расплаче. Фалиш друже. Во овие најсреќни денови од мојот живот, фалиш да го споделам тоа со тебе. Секој ден. Секој ден помислувам на тебе, не можеш да ми пројдеш низ главата.

Многу те сакав и секогаш ќе постоиш во моето срце длабого врежан. Мојот сакан Влатче. Мојот најсакан другар, брат, колега. Слава ти“, напиша Тамара на својот профил.

Претходна статијаБојан Јовановски ќе го згрижи семејството Зеќири: Ова девојче ќе може да спие мирно, сито, а не гладно
Следна статијаНеделка од Скопје: Мајка ми замина и ме остави сама – на 16 години останав без пари и со здравствени проблеми