Снежана Ѓуришиќ првпат јавно проговори за својот син: Ќе се борам против пороците на Марко додека сум жива

0

Пејачката Снежана Ѓуришиќ за првпат во јавноста откри што мисли за пороците на својот син, а и покрај се што и кажал, тој е нејзино дете и ќе го поддржи во се.

Снежана никогаш претходно во јавност не прозборела за неславното минато на синот Марко, кој освен што е осомничен за разбојништво и напад врз неа, побегна од болница за одвикнување од алкохол.

На парашањето дали ја болат неговите зборови, пејачката вели:

-Како може како мајка да не ме боли? Судбината е таква. Се бориме, но што ќе биде од тоа, само господ знае. Но јас сум не сум за сложени приказни, но сум за онаа дека тоа е мое дете и само јас можам за него да зборувам, а не други.

Не само што не треба, туку ќе добие по нос ако продолжи. Ма, каков и да е, тој е мое дете, иако не е добар. Се што прави во животот, како и сите луѓе, ќе се сноси со одговорноста како што наложува законот.

Но, тоа не му дава право на никој да го навредува, вели пејачката и додава дека ќе се бори против неговите пороци додека е жива.

-Се уште се борам и ќе се борам додека сум жива, додека имам сила, како и за се што сакам во животот, се исповеда Ѓуришиќ.

Нивните семејни проблеми почнале кога тој предизвикал сообраќајка во која загина девојка, поради што тој завршил во затвор. После тоа Марко се одал на алкохол, се развел, по што почнале караници и тешки зборови кои ги упатувал на мајка му.

-Не сме во добри односи, едноставно правевме многу грешки и затоа не сака да зборува со мене. Јас сум многу сличен на неа, многу работи и кажав во лице и тоа изгледа не и одговараше.

Секогаш постојат причини за караници, а во игра влегоа и некои недвижнини. Јас во тоа време пиев и се согласив на таканаречено лечење-рекол синот на Снежана и додал дека ситуацијата кулминирала во 2013 година, кога починал неговиот татко.

-Тогаш уследи нетрпеливост поради работите кои не можев да ги завршам. Страшно се каравме. Таа се правдаше дека е нервозна, а јас немав кочници. Сега ми е криво поради тоа, знаев да ја навредувам-додал Марко.

Снежана Ѓуришиќ вложува доста труд за да ја сочува својата приватност, па ќерката Маја и синот Марко ги крие од очите на јавноста.

Маја Живковиќ не се занимава со пеење , иако нејзината мајка Снежана Ѓуришиќ повеќе пати ја форсирала да пее, затоа што смета дека имаа огромен талент.

Ќерката на познатата пејачка се занимава со козметика, а живее во Америка со својот сопруг и децата.

Претходна статијаПроговори докторот на Дарко Лазиќ: Има многу повреди, ќе биде успех ако застане на патерици
Следна статијаНафтата поскапува: Од вторник ќе возиме поскапи горива