Снег вее низ Македонија – вечерва е бело во овие градови

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

Слаб снег кој не се задржува на коловозот, провејува во Битола, Ресен, Кичево, М. Брод, П. Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Времето денеска е променливо облачно со врнежи од дожд и снег.

Во петок облачно со врнежи од снег кои во западните и јужните делови ќе формираат снежна покривка.

Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд.

По оддели котлини ќе има појава на магла.